Правилото „2 минути“ кое драстично го менува животот

Колку често се нeрвираме дека нешто сме заборавиле или не сме завршиле некоја работа за која ни требало малку време а последиците се долготрајни или големи? Еден од авторите на популарната страница „Quora“ со читателите ја сподели својата тајна, „правилото од две минути“ кое му донело ред и напредок во животот. Еве што напишал:

Доколку за нешто ви треба помалку од две минути направете го тоа веднаш. не давајте си себеси простор за премислување или донесување на погрешна одлука.

Нашиот мозок е мошне лош во донесување одлуки бидејќи одлуките подразбираат промени. Нашите инстинкти работат така што ги избегнуваат промените. Правилото две минути е одлично бидејќи ги отфрла одлуките и иницира почеток на нешто што би го одолговлекувале до бесконечност.

Според него ова правило помага на следниов начин:

  1. Нема повеќе заостанати немиени садови, бидејќи миењето садови бара само две минути работа.
  2. Собата е уредна. Кога ќе дојдете од работа ви треба половина минута да се пресоблечете и да ја ставите носената облека во плакар. Оваа ситница ќе направи неверојатна промена во изгледот на вашиот стан.
  3. Одговарајте на мејловите и тоа треба да биде на едноставен начин. Колку пати сте биле во ситуација да изгубите многу време на одговарање на мејлови? Одговорете веднаш на сите некритични мејлови, колку што можете поопширно. Ќе си го олесните животот и инбоксот.
  4. Ќе исчезне хаосот во главата. Заборавете на паниката. Стигнале сметките за овој месец? Платете ги веднаш, користете електронско плаќање. Избегнете исклучување на телефонот и пенали. Направете резервација за ресторан веднаш…

Животот е многу поедноставен кога немате долга листа на обврски и ситници. Кога не доцните постојано и не си создавате себе си паника и стрес поради обврски за кои ви требаат помалку од 2 минути.