Правила за живот според една од главните хероини на Хелен Филдинг

Хелен Филдинг е позната британска авторка, најпозната во серијалот за Бриџит Џонс, кој подоцна беше и екранизиран во неколку филмови. Таа е позната и по книгата „Оливија Џулс и нејзината бујна фантазија“, во која се наведуваат неколку интересни правила за живот, кои можеби ќе ве инспирираат и вас!

  1. Не паничи. Застани, диши, мисли.

  2. Никој не мисли на тебе. Сите мислат на себеси, баш како и ти. 

  3. Никогаш не ја менувај фризурата или бојата на косата пред важен настан.

  4. Ништо не е толку лошо, ниту толку добро како што изгледа.

  5. Прави го она што би сакала другите да ти го прават. 

  6. Подобро купи си една поскапа работа која навистина ти се допаѓа, отколку неколку поевтини кои не ти се допаѓаат нешто многу.

  7. Малку работи се навистина важни. Ако се изнервираш, запрашај се: Дали е ова навистина важно?

  8. Тајната на успехот е во тоа како се опоравуваш од неуспех.

  9. Биди искрена и добра.

  10. Купувај го само она во коешто би танцувала.

  11. Верувај им на своите инстинкти, а не на својата бујна фантазија.

  12. Кога си во неволја, провери дали е тоа навистина неволја, такашто ќе:

а) помислиш: Батали го тоа.

б) го согледаш проблемот од поведрата страна и ако тоа не успее, погледни го од смешната страна.

Ако не успее ниту едно од овие работи, можеби навистина си во неволја, т.е види ги правилат под 1. и 5.

  1. Не очекува светот да биде безбеден, а животот праведен.

  2. Понекогаш мораш да ги оставиш работите да одат по својот тек.

  3. Не жали за ништо. Запомни дека ништо друго и не можело да се случи, имајќи предвид каква си била тогаш и каква била состојбата тогаш. Единствено што можеш да измениш е сегашноста, па затоа – учи од минатото.

  4. Ако почнеш да жалиш за нешто и помислиш: „Требаше да...“, секогаш додади и едно „но, можеби тогаш ќе ме прегазеше камион или торпедо ќе ме кренеше во воздух.“