Правила за чување домашни миленици – ако не сакате казна ова мора да го правите

Во секој можен случај и под секакви околности, секој треба да дејствува на хуман и грижлив начин кон животните. Сместувањето на животните треба да биде на начин со кој ќе се избегне штетното влијание на надворешните фактори од животната средина. На животните треба секојдневно да им се обезбеди вода со соодветен квалитет како и храна со соодветна хранлива вредност, хигиенски исправна и соодветна за нивната старост и вид заради оддржување на здравјето и физиолошките потреби.

Согласно Законот за заштита и благосостојба на животните како основно правило е дека сопствениците  не смеат да ги напуштат домашните миленици.

Забранети се следниве интервенции врз животните:

1) хируршки интервенции за модифицирање на изгледот на животните;
2) скратување на опашката и потсекување на ушите;
3) девокализација и
4) отсекување на канџи и обеззабување.

Домашните миленици може да се користат за рекламирање, изложби, спортски натпревари и слични настани, доколку организаторот ги исполнил основните услови за избегнување штетни влијанија кон животните  и доколку здравјето и благосостојбата на животните не се доведени во прашање.

Сопствениците и/или одговорните лица кои ги користат своите миленици за репродукција и одгледувачниците треба да го пријават леглото од своите животни во овластена ветеринарна амбуланта, клиника или болница, да ги идентификуваат и регистрират младенчињата согласно Законот за идентификација и регистрација на животните пред да ги вдомат како и да ги пријават лицата кај кои ги вдомиле младенчињата. Одгледувачниците на домашни миленици треба да бидат регистрирани и да водат евиденција за домашните миленици. Евиденцијата треба да ја чуваат најмалку три години и истата треба да биде достапна на увид на барање на Агенцијата за храна и ветеринарство.

За сопствениците на кучиња

Сопствениците на кучиња се должни да ги пријават своите кучиња еднаш годишно во ветеринарните амбуланти, клиники и болници кои се овластени за спроведување на ветеринарно здравствена заштита од јавен интерес во нивното место на постојан престој, со цел да ги регистрираат и идентификуваат, како и да ги исполнат одредбите во однос на здравствената заштита согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство. Трошоците за овие постапки се на товар на сопствениците на кучињата.

Сопствениците на кучиња треба на влезната врата во дворот на видливо место да постават табла со која недвосмислено се укажува на присуство на куче, без разлика дали кучето или кучињата чиј е сопственик се опасни или не. Кучињата кога се на јавно место треба да бидат врзани на поводник освен кога се на јавни места каде е дозволено кучињата слободно да се движат во придружба на нивните сопствeници.

По исклучок ловечки кучиња за време на лов и овчарски кучиња кои придружуваат стадо не треба да бидат врзани на поводник.

Опасни кучиња

Продолжува на наредната страна....

 

Опасни кучиња се кучиња:

– кои без причина нападнале човек и му нанеле телесни повреди или смрт;
– кои се затекнати во организирана борба на животни;
– од одредени раси и нивни мелези кои заради нивните расни карактеристики може да представуваат опасност за луѓето и животните и
– кои на тестот на социјализација се прогласени за опасни кучиња.

Кучињата кои може да представуваат опасност за луѓето и за животните се прогласуваат за опасни кучиња и се внесуваат во Регистарот на опасни кучиња кој го води Aгенцијата.  Сопственикот или одговорното лице за опасно куче треба да обезбеди услови за држење на животното соодветно за расата, потребите и карактеристичното однесување, при што вклучително треба:

1) кучето да го чува во заграден простор или врзано и
2) при движење кучето да го врзе на поводник и да му стави заштитна маска.

Опасните кучиња при движење треба да бидат придружувани од полнолетно лице.

Сопствениците или одговорното лице за опасно куче кои ги прекршиле овие павила  треба да поминат соодветна обука во однос на чување и одгледување опасни кучиња организирана и спроведена од страна на Агенцијата. Трошоците за спроведување на обуката се на товар на сопствениците или одговорното лице.

Листа на глоби

Глоба во износ од 10 до 15 евра (за правни лица 100 евра) во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на на физичко лице, ако:

не гo пријави своето куче еднаш годишно во ветеринарните амбуланти, клиники и болници кои се овластени за спроведување на ветеринарно здравствена заштита од јавен интерес во нивното место на постојан престој:

не истакне табла со која недвосмислено се укажува на присуство на куче;

кога се на јавно место кучињата не ги држи врзани

не го пријави леглото од своите животни во овластена ветеринарна амбуланта, клиника или болница, не ги идентификуваат
младенчињата пред да ги вдомат и не ги пријават лицата кај кои ги вдомиле;

одгледувачниците на домашни миленици не водат евиденција за домашните миленици и истата не ја чуваат три години и не е достапна
на увид на барање на Агенцијата;

Глоба во износ од 50 до 75 евра ( за правни лица 500 евра ) во денарска противвредност ќе се изрече на физичко лице за прекршок ако:

не дејствува на хуман и грижлив начин кон животните;

напушти домашен миленик;

поттикнува агресивност на животните против други животни;

осакатува животни и врши хируршки или слични интервенции со кои се врши осакатување на животните заради естетски или други
причини

не обезбеди услови за држење на опасно куче;

опасните кучиња при движење не се придружувани од полнолетно лице;

се обложува на борба со животни за било каква намена;

Глоба во износ од 150 до 225 евра ( за правни лица 1.500 евра ) во денарска противвредност ќе се изрече на физичко лице за прекршок ако:

изведува хируршки интервенции без соодветна употреба на целосна или локална анестезија и предизвикува непотребна болка или
страдање на животното;

врши девокализација,  отсекување на канџи и обеззабување;

интервенциите не се извршени од страна на доктор по ветеринарна медицина

Глоба во износ од 600 до 900 евра ( за правно лице 6.000 евра)  во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршок ако:

предизвикува болки, патење или повреди, сурово и нехумано се однесува кон животните и ги убива

е вклучено, поттикнува, организира, рекламира, оддржува и организира обложување на борби со животни за какви било намени