Откако се појавија нискобуџетните летови од Скопје од авионски компании Визер и Рајанер може да си дозволиме и со авион да отидеме негде и на викенд или неколку дена.
Зошто се „нискобуџетни“ летовите?
Се освен рачен багаж се плаќа дополнително, па затоа е битно да знаете што се смета за рачен багаж, имајќи во предвид дека правилата се разликуваат од компанија до компанија.
Во прилог неколку корисни правила во однос на рачниот багаж од неколку компании:
Визер има најстроги правила: бесплатно Ви е дозволена навистина мала торба, со максимални димензии 42 cm х 32 cm х 25 cm, максимум 10 кг.
Доколку сакате да земете голема кабинка торба (димензии 56 cm х 45 cm x 25 cm- максикум 10 кг), треба да доплатите, најдобро уште при купување на билетот, бидејки на аеродром цената е доста повисока.
Рајанер нуди многу пополни услови од Визер, па така бесплатно Ви се дозволени две торби, торба со димензии 55 cm x 40 cm x 20 cm, и максимум 10 кг, и дополнително бесплатно имате право на мала торбичка со димензии 35 cm x 20 cm x 20 cm.
Аеџиан ерлајнс: бесплатно Ви е дозволена една кабинска торба со димензии 56 cm х 45 cm x 25 cm и максимум 8 кг.
Со секоја од наведените компании може во рака да си ја носите јакната/капутот како и материјал за читање.
На дел од аеродромите дозволено е да дополнително со рачниот багаж да носите и предмети купени во Duty free продавницата, но за тоа ќе треба да прашате на лице место.