Прави сцени ако не е по негово: Го сакам чоколадцево, мое е...размазено дете во маркет

„Го сакам чоколадово и нема да си одам ако не ми го купиш“, одекна силно едно детско гласче во маркет. Мајката збунета и засрамена се обиде да му објасни на девојчето, но тоа и се намршти и цврсто го држеше чоколадцето, додека луѓето гледаа во нив.

Никој не вика дека мора постојано да наредувате, но не треба себеси да си создавате дополнителни оптоварувања со тоа што ќе им дозволувате буквално сѐ. Запрашајте се каква лекција им давате на тој начин. Ги учите дека секогаш ќе го добиваат тоа што го сакаат, само ако го посакаат. Но, дали е навистина така?

Кога децата се однесуваат лошо, родителите често се наклонети да ги оправдуваат со зборовите: „такви се сите деца“.

Верувајте дека не е така. Децата се во состојба да направат многу повеќе од очекуваното, без оглед дали се работи за манири, почит кон постари, самоконтрола или великодушност. Мислите дека децата не знаат да седат пристојно во ресторан? Или дека знаат самите да си ги соберат играчките? Тоа е глупост, затоа што единствената причина поради која мислите дека не знаат и не можат е затоа што не сте им дале можност да научат. Кренете ги малку очекувањата и ќе видите за што се способно и што сѐ можат да направат.