Пратеникот Антонио Милошоски денес по втор пат стана татко.
Неговата сопруга Симона, која по занимање е архитект, на свет го донесе нејзиното прво дете.
Милошоски и неговиот син Давид сега и се радуваат на 8 години помалата сестричка чие име е Дарија.
-Сите сме многу весели што ни се роди малечката. Симона и Дарија се добри, а бато и тато со нетрпение ги очекуваат дома, ни изјави среќниот татко Милошоски.