Пратениците од утре па до 2 септември заминуваат на одмор. Оваа година нивниот годишен одмор дојде со задоцнување поради ребалансот на буџетот и затоа одморот им се помести за речиси 15 дена.
Бидејќи Собранието е во постојано заседание не се исклучува можноста да се свикаат седници на работните тела или пленарна седница доколку се работи за некој итен случај, велат за МИА од Кабинетот на претседателот на Собранието Африм Гаши.
Од почетокот на работата на овој параламентерен состав на 28 мај се одржани десетина седници, а последната беше вчера кога беа донесени измените на Законот за здравствена заштита и се укинаа економските директори.