Пратениците гласаа за намалување на коефициените на нивните плати, тие нема да се намалат но минимално ќе пораснат

Пратениците денес со едногласно гласање во комисија ги намалија коефициените на плата од 3,04 на 2,69 и од 3,92 на 3,47. Според кажување на пратниците ова се прави се со цел да се спречи непропорционалниот раст на нивните плати. Но ваквото гласање не значи дека платите ќе им се намалат, туку дека тие нема драстично да пораснат.

Платите на функционерите скокнаа за 78 проценти оо одлуката на Уставниот суд да ја укине двојната основица за пресметка при што во јавноста се појави огромен револт кај граѓаните и синдикалните организации.

Платата на функционерите се пресметува така што просечната годишна плата од претходната година се множи со коефициент кој варира според сложеноста на работното место. Но, ваквиот начин, предизвикува енормно зголемување на функционерските плати и јаз меѓу нивните и платите на сите останати во државата, поради што беа предложени и измени на законот.

Ако не се донесеше вакво намалување на коефициентите тогаш фунционерските плати ќе пораснеа од 130 до 330 евра зависно од платата која ја зема одреден функционер. Вака со ова гласање во собраниската комисија покачувањето ќе биде од три до шест илјади денари.