Пратеничка на ДУИ: Вработувањето Албанци е наша обврска

Ние како пратеници Албанци кои сме ги добиле гласовите од Албанците, имаме обврска да се грижиме токму за Албанците“, вели пратеничката Арта Биљали Зендели.

Таа на ваков начин ја дообјаснува изјавата на првиот вицепремиер Артан Груби кој рече дека ќе се вработуваат етнички Албанци во приватни компании. Изјавата која доби на гласност ја коментираше и премиерот Зоран Заев, но сега Биљали во изјава за ТВ 21 практично прецизира дека ДУИ нема да се откаже од ова. 

Дали ова значи дека има „камен на сопнување“ во коалицијата особено откако вицепремиерот Фатмир Битиќи рече дека не треба да се вработува по етничка основа туку по стручност. Биљали вели дека за ова треба да помине време.

„Мислам дека да го наречеме противење е малку тешко во оваа фаза. Дали е противење или не, треба да помине уште некое време. Затоа не би рекла дека е противење или несогласување во правец на унапредување на правата на граѓаните согласно мотото “Општество за сите“. Мислам дека нема судир и евентуалните разлики ќе се надминат.“, вели Биљали за ТВ 21