Праски – слатки кралици на летото кои го поттикнуваат слабеењето и ги чуваат кожата и нервите

Овој сочен плод е одличен извор на важни хранливи материи.

Најзастапени витамини во праската се  витамините А, Ц, Е, К и Б3, додека пак од минералите тука се калиумот, бакарот, манганот, магнезиумот, железото, фосфорот и селенот.

Исто така, содржат и фолна киселина, каротеноиди, рутин, природни влакна и тн. Витаминот Ц кој е присутен во праските е одличен во борбата против алергии, вирусни и бактериски инфекции, болести на дишните патишта и помага во зачувување на здравата и свежа кожа. 

Ова се неколку предности од редовното конзумирање праски.

Намалување на ризикот од рак

Како одличен извор на витамин Ц кој е силен антиоксидант, праските можат да помогнат во делување во борбата против слободните радикали кои се најчести причинители на рак. Природните влакна од ова овошје исто така се поврзани со намален ризик од рак, особено рак на дебелото црево.

Го чуваат здравјето на срцето

Влакната, калиумот, витаминот Ц и колинот го чуваат срцето. Според др. Марк Хјустон, професор на универзитетот Вандербилт, зголеменото внесување калиум е важно за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести. Се препорачува конзумирање од 4.069 мг калиум дневно. 

Го намалуваат холестеролот

Редовното конзумирање праски придонесува за намалување на лошиот холестерол кој претставува ризичен фактор за многу болести. 

Ги смируваат нервите

Недостатокот на магнезиум може да се одрази на нервниот систем, а магнезиумот кој го содржат праските придонесува за смирување на нервите и мускулите, го ублажува немирот и тегобите и ги спречува стресот и депресијата. Многу истражувања покажуваат дека комбинацијата на витамин Б и магнезиум има позитивно влијание и кај хиперативните пореметувања кај децата.

Го штитат здравјето на очите

Бета-каротенот е одговорен за здравјето на очите, а праските содржат големи количини од овој антиоксидант. Тој ја штити мрежницата на очите, па така спречува и катаракта и сенилна макуларна дегенерација.

Помага во бременоста

Поради високот ниво на витамини и минерали, праските се препорачуваат за бремените жени. Калиумот кој го содржат ги спречува мускулните грчеви и општиот замор кој е присутен во текот на бременоста. Витаминот Ц придонесува за здрави заби, кожа, мускули и крвни жили кај бебето, а е одличен и за апсорпција на железо, што е особено важно за време на бременоста. 

Придонесуваат за слабеење

Праските содржат малку калории па се сметаат за одличен сојузник за слабеење. Една праска со средна големина содржи 60 калории, но и многу хранливи состојки. Клорогенската киселина која е присутна кај праските придонесува за намалување на насобраните маснотии во текот на телото и го поттикнува слабеењето. 

Ја чуваат кожата

Витаминот Ц игра важна улога во формирање на колагенот – протеин кој го чува сјајот и свежината на кожата. Овој витамин може да ги намали брчките, да го спречи стареењето на кожата и да ја зачува нејзината структура. 

Витаминот Е кој е исто така присутен и ја штити и хидрира кожата придонесува за нејзино опоравување од влијанието на штетните радикали.