Од моментот кога ја основал компанијата „Епл“, Стив Џобс присуствувал на секој состанок. Во својот живот, тој САМО ЕДНАШ отсуствувал од важен работен состанок. Сигурно си велите: „Па сигурно морал да има добра причина за тоа.“
Еднаш, Стив Џобс давал извештај на некој универзитет. Неговата идна жена Лорин Пауел седела во публиката. На Стив му се допаднала жената и решил да се запознае со неа по неговото обраќање. Но, како што тоа најчесто бидува, една работа му стоела на патот – работен состанок на кој требало да присуствува.
Откако влегол во својот автомобил, подготвувајќи се да тргне кон закажаниот состанок, Стив Џобс си поставил едно многу важно прашање:
„Што би направил ако ова беше мојот последен ден на планетата Земја?“
Тогаш излегол од автомобилот, се вратил на универзитетот и ја земал Лорин со себе. Од тој ден, тие станале неразделни.
Ова е лекција и за вас. Почесто поставувајте си го ова прашање. Ќе ви помогне да се фокусирате на она коешто е навистина важно.
Уште подобро, уште истиов миг запрашајте се: „Што би направиле доколку ова беше вашиот последен ден на планетава Земја?“