Прашање до скопски возач: Изброј колку коли си блокирал!

Паркирањето во главниот град изминативе неколку години стана вистински кошмар за возачите, а колку што е проблем недостигаот од паркинг места, се поочигледен станува и недостигот на сообраќајна култура во главниот град. Така, скопските возачи неретко може да видат возила паркирани на места за инвадилизирани лица, а случај во кој возач затворил скоро 10 автомобили е забележан во о. Центар кај Градски ѕид.

На овој паркинг каде и онака нема многу места, возач го оставил својот „Цитроен“ и блокирал повеќе возила кои немале како да излезат.

- Изброј колку коли си блокирал!, му порачаа блокираните граѓани преку социјалните мрежи.