Прашања кои пристојните луѓе не ги поставуваат: Сѐ си има своја граница!

Убаво е човек да знае како да разговара со другите и да сака да комуницира со луѓето, но дури и најпристојните луѓе понекогаш ненамерно поставуваат прашања кои можат да предизвикаат одбивност кај соговорникот. За да не дојдете во таква ситуација, ова се неколку прашања кои треба да ги избегнувате доколку сакате да оставите добар впечаток.

Дали ова е Вашата мајка?

Ако не сте целосно сигурни во какви односи се луѓето кои стојат пред вас, подобро е да не се обидете да погодите. Постои голема веројатност дека вашиот соговорник ќе се навреди, особено што лесно може да се случи постарата сестра да ја наречете мајка, а многу луѓе се лутат на ова. Многу е поедноставно и пољубезно да донесете заклучоци преку набљудување на нивното однесување и говор.

Колку долго сте заедно?/Кога свадба?

Луѓето сакаат да зборуваат за своите врски, но и за врските на другите. Но, доколку вашите соговорници очигледно не сакаат многу да зборуваат околу врската, подобро е да не навлегувате во тоа колку долго се заедно и дали планираат свадба. Прашањата за брачниот статус може да биде неудобна за многу луѓе од многу различни причини.

А деца кога?

Тука исто така треба да се избегнуваат и останатите варијации како: „Имате деца?“ или „Трудна си?“ и сличните прашања. Овие прашања може многу силно да налутат, навредат и повредат некои луѓе, особено паровите кои не можат да имаат деца. Освен тоа, ако прашате некоја жена дали е трудна, тоа може да се сфати и дека ѝ велите дека се здебелила.

А што ќе ти е тоа?

Разговорите за различните хобија се супер тема за разговор, може да им помогне на луѓето да се спријателат. Но и тука постојат многу прашања кои можат да создадат непријатна атмосфера. На пример, кога некој со вас ќе сподели некоја своја страст за нешто, навистина не треба да почнете да коментирате и да прашувате зошто го прават тоа и низа прашања со кои го омаловажувате тоа што тие го сакаат.

Колкава ти е платата?

Има луѓе кои без проблем прашуваат за платата на другите луѓе. Но, генерално, ова прашање се смета за непристојно. Ова е премногу лично прашање, а има луѓе кои едноставно не сакаат да зборуваат на таа тема.

Колку чини тоа?

Трошоците можат да бидат непријатна тема за разговор. Можеби вие најдобронамерно сакате да прашате затоа што тоа е нешто коешто и вие сакате да го купите, но соговорникот може погрешно да ве сфати и да помисли дека буткате нос во нивната финансиска состојба.