Прашај го градоначалникот: Стефковски објави нова алатка за комуникација со граѓаните

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски објави дека од денеска (24.01.2023), па секој нареден вторник од 18.00 до 20.00 часот, секој граѓанин ќе добие можност да постави прашање до него.

Денеска во 18.00 часот ќе го објави линкот под кој секој граѓанин ќе има можност да постави прашање, а целта на алатката е да го слушне секој проблем или мислење на граѓаните.

- Мојата водилка при кандидирањето за градоначалник на општина Гази Баба беше можноста да помагам на граѓаните и да се обидам да решам што повеќе проблеми. Општината, градоначалникот и администрацијата се сервис на граѓаните и постојат за граѓаните. Заедно со Вас, мои сограѓани ја градиме Гази Баба во модерна, урбанистички развиена и еколошка општина, информира Стефковски.