Практично највисоката казна по ЕУ стандарди е досудена за прегазувањето на Фросина, алудира адвокатката Јошевска-Анастасовска

Адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска од Скопје со став за пресудата за младиот возач Васил Јованов кој смртно ја прегази младата дизајнерка Фросина Кулакова на прешаки премин на „Партизанска“. 

Јованов доби 12 години затвор, а јавноста од вчера реагира за висината на казната. За едни е доволна, за други ниска

- Казната е солидна според стореното дело и профилот на осудениот, но е премала според менталитетот на луѓето во државава. Треба да се почне со превисоки казни за да се обесхрабриме сите во сторувањата на сообраќајните прекршоци... коментира еден граѓанин.

Со свои ставови се јави и стручната јавност. 

- Ако некој со ладна глава и без нарцисоидност има волја да прочита каква е праксата во ЕУ за казнување во сообраќајки со смртни последици, а не само да урла по судовите и кога треба и кога не треба..., напиша адвокатката Јошевска-Анастасовска и сподели дел од конкретното законско решение во некои европски земји. 

Практично највисоката казна по ЕУ стандарди е досудена, алудира таа.