Праќајте стари фотографии од општина Аеродром

Општина Аеродром ги повикува граѓаните, кои имаат стари фотографии од локации во општината, особено од стари запуштени места, кои се денес целосно урбанизирани, да ги достават на odnosi.so.javnost@aerodrom.gov.mk, или директно во Општината.

Фотографиите се потребни за архивата на Општината, а за најуспешните следува соодветна награда.