Познато кои клубови добија клуч на врата, ќе останат затворени додека не ги исполнат условите за работа

Познато е кои клубови добија клуч на врата откако биле пронајдени недостатоци во нивната работа. Според „Телма“, нејасно е дали ова ќе им биде единствена казна со која ќе се соочат сопствените или ќе има и други мерки.

Од Дирекцијата за заштита и спасување се уште не откриваат имиња, ама потврдиле дека има затворени објекти. Продолжуваат со акцијата и проверките.

Според телевизијата затворени се речиси сите клубови во Скопје: Станица 26, клубот Маракана, Балет, Пјур , Епицентар, но немаат пломба на вратите но се под клуч и се додека не бидат отстранети недостатоците нема да работат.