Познато каде ќе се одржи Евровизија 2023, не е Украина!

Изборот за песна на Евровизија следната година ќе се одржи во Велика Британија, потврдија денеска организаторите.

Како што јави Би-би-си, одлучено е дека настанот не може да се одржи во годинашната победничка земја Украина, поради тековната војна по руската инвазија. Велика Британија годинава беше втора, па Европската радиодифузна унија (ЕБУ) перидот потоа почна разговори со Британската бродкастинг компанија.

Сè уште не е познато кој град ќе биде домаќин, но и Глазгов (Шкотска) и Манчестер (Англија), досега изразија подготвеност.