Познато е скопскoто училиште каде наставник полово вознемирувал ученичка

Познато е во кое скопско средно улилиште се случил скандалозниот инцидент во кој ученичка со денови била жртва на полово вознемирување од страна на професор. 

52-годишниот професор од ученичката барал да имаат полови односи, а станува збор за средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“. 

- На 09.03.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.02.2026 до 02.03.2026 вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи, потврдија од полицијата за овој случај.  

Наставникот е отстранет од работното место на три месеци.