Познатите со реакции откако во скопска градинка се пушта турбо фолк музика: Сироти деца каде ги растеме?

Рекации на револт и незадоволство се покренаа во јавноста откако се обелодени видео од скопска детска градинка каде учителката им пушта позната турбо фолк песна на деца од 5 години.

Учителката во исто време, ги снима и им вика да играат и да пеат. Песната која се слуша во позадина е „Жена од султана“.

Дечињата играат, а воспитувачката им вика „Ајде пејте сите инаку ќе ви ја исклучам“. Потоа таа ги прашува од каде ја знаат песната и дали вакви песни им пуштаат и дома?

Откако видеото од анонимен родител стигнало до редакцијата на порталот „Слободен печат“ со реакции дека ова е нешто недозволиво се јавија голем број јавни личности:

-Па да си учителка на мојте деца, ќе видиш како ќе пројдеше….и уште “ајде да ве чујам, ја знаете….погласно!” До каде ние пропаднавме како општество, па неможе подоле од ова…и сакаме нација, идентитет?! И демек ова е забавно, смешно, демек ова се слуша?! Ах моррииии, да сме држава ко што треба ќе леташ уште одма од работа,и никад веќе нема да припариш до деца,ама кој знае чиј партиски војник си! – вели пејачката Бојана Скендеровски.

-Туку, мене да ми е дете вака контаминирано, од возрасен, задолжен да ми го чува и воспитува во мое отсуство добар дел од денот, ќе гледавте вирални видеа! Ајде сега да видиме како ќе постапат соодветните институции!!! – реагира актерката и активистика Ирена Ристиќ.

-Време ни е да се селиме сите до еден што не знаеме што е жена од султана. Што правиме со децата што мора да рипкаат на овој шунд иако да речеме никогаш не ја слушнале султанава? Каков ден… Сироти деца каде ги растеме? Каде што искреноста на еден Петар е предмет на дискусија но не и овој сељачизам наметнат од најмала возраст, е ставот на пзонатата инфлуенсерка Миа Костова.