Познатиот патувачки пар Алија и Шон од Шкотска го посетија Охрид - македонскиот туристички бисер од каде споделија видео на својот Инстаграм профил.
Познатите травел блогери не штедеа пофални зборови за нашиот Охрид.
- Дали некогаш сте слушнале за бисерот на Балканот? За најстарото и едно од најдлабоките езера во Европа, Охрид, во Северна Македонија. Езерото е длабоко 288 метри и старо 3-5 милиони години, а градот на неговите брегови е една од најстарите човечки населби во Европа. Се споменува во грчките документи уште во 353 п.н.е., но неодамнешното откритие покажува дека дното на езерото е старо 8000 години. Охрид отсекогаш бил религиозна дестинација, со 365 цркви. По една за секој ден од годината. Сакавме да го посетиме ова многу посебно место и мислиме дека дефинитивно треба да биде на маршрутата на турстите кои минуваат низ Балканот, стои во нивната објава на Инстаграм.