ПОЗНАТИТЕ ЕДНОГЛАСНИ: Љубовта треба да се празнува секој ден, а не само на Валентин!

14 февруари е денот кога се слави виното и љубовта. И покрај тоа што според нашиот верски календар на овој ден се празнува единствено оној кој го носи името на Труфун, македонските граѓани долги години наназад ги одбележуваат и двата празника.

Во листата на славеници се и нашите познати личности од кои едни ја слават љубовта, а други, пак, виното. Сепак, сите се едногласни во едно нешто, а тоа е дека љубовта треба да се празнува секој ден, а не само на Валентин...

Александар Тарабунов

“Традиционално си славам Трифун заедно со другарите. Во опуштена атмосфера, со

добро вино и скара.Немам ништо ниту против славењето на Валентин, но некако ми е клише да се одбележува само тој ден, сметам дека љубовта треба да слави 365 дена во годината", вели Тарабунов.

Сара Мејс

“ Кога ќе се навратам назад низ годините мислам дека повеќе сум го славела Св. Трифун отколку Св. Валентин. Мислам дека љубовта треба да се одбележува и празнува секој ден, а не само на 14 февруари. Сепак, знам да го изненадам Димитар со некој интересен подарок, а и тој мене, по се изгледа си бараме причина за да си купиме нешто еден на друг”, вели Сара Мејс која минатата година се омажи за водителот Димитар Атанасовски, а неодамна објави и нов албум, како и неколку видеа.

Дарко Илиевски

Дарко Илиевски кој пред една недела се пресели на Флодира заедно со сопругата Ивана, овој 14 февруари ќе ја слави љубовта.Инаку, пејачот уште пред да замине во САД најави дека работи на остварување на контакти со американски продуценти, па многу наскоро публиката ќе има можност да чуе нешто ново од него на англиски јазик.