Познатиот штипски угостител кој си ја уби мајка си вели дека не се сеќавал на кобната ноќ - започна судењето против Грофот

Во Основниот суд во Штип денеска започна судењето против познатиот угостител Стојанче Зарков, познат како Грофот, обвинет за свирепото убиство на својата 84-годишна мајка.

Пред судскиот совет, обвинетиот даде кус исказ во кој тврдеше дека има целосен прекин во сеќавањето за кобната ноќ на 8 август.

Според обвинителниот предлог, Зарков околу два часот по полноќ со нож ја усмртил сопствената мајка во нивниот дом, а веднаш потоа самиот го пријавил случајот во полиција.

Обвинителката Тања Кацарова во воведните зборови побара изрекување на најстрога затворска казна.