Познати се составите: Киелце со 13 играчи ќе го урива Вардар

Македонскиот првак, Вардар на гостувањето кај Келце ќе се обиде да дојде до петата победа во низа сезонава. Роберто Гарсија на овој меч нема да може да смета на Рожерио Мораес, кој поради вироза остана во Скопје, и на Кристијан Дисингер, кој пак нема право на настап. На другата страна полскиот тим ќе настапи со 13 ракометари, во составот ги нема Мамиќ, Кулеш, Јуркиевич и Бис. 

Натпреварот е закажан во 17 часот.