
Патолошки причини, односно дека лицето починало поради болест или природен процес во организмот, се првичните наоди за смртта на 24-годишната девојка од Македонија, која беше пронајдена мртва во стан во областа Сикиес во Солун, покажуваат првите резултати од форензичката обдукција, објави грчкиот медиум Thestival.gr.
-Според досегашните информации, при обдукцијата не биле пронајдени знаци кои би укажале на криминално дело. Надлежните органи ги очекуваат резултатите од токсиколошките анализи, кои треба да дадат дополнителни информации и да ја потврдат точната причина за смртта. 24-годишната жена, која била со потекло од Македонија, била пријавена за исчезната откако нејзиното семејство не можело да стапи во контакт со неа. Случајот сè уште се истражува, а надлежните ги проверуваат сите достапни информации поврзани со околностите на нејзината смрт, пишува медиумот.
Инаку, засега се уште неофицијално, станува збор за студентка од Прилеп.