Познати причините за синоќешниот пожар во автобус на ЈСП

Според досегашните сознанија од првичното истражување, познато е дека запалување на електрична инсталација во моторниот простор е причината поради која се запали автобусот на ЈСП „Скопје“ синоќа.

Станува збор за автобус кој гореше во скопската населба Аеродром додека сообраќал по булеварот Трета Македонска Бригада и во кој, во моментот на несреќата имало патници кои за среќа навремено излегле од возилото. За среќа ниту еден од патниците не е повреден.