Регионалната музичка ѕвезда Здравко Чолиќ во јуни доаѓа во Скопје каде ќе одржи три спектакуларни концерти.
Имено, неговите концерти беа закажани за во март во главниот град, но поради трагедијата во кочанската дискотека, тој ги одложи.
Новите датуми се втори, трети и четври јуни, во арената „Борис Трајковски“.
Голем интерес имаше уште на почетокот на годинава за најавените концерти на легендарниот Чолиќ во Скопје, со оглед дека тој по шест години се враќа ексклузивно во Скопје, за прв пат со симфониски оркестар.
Цените на билетите се движат од 1 800 до 4 000 денари.