Позната состојбата на Миркуловски

Почетокот на новиот ден донесе и добра вест за нашиот национален тим, поврзана со здравствената состојба на Филип Миркуловски. Големиот борец настрада на самиот почеток од дуелот со Словенија, по средбата се пожали дека незгодно паднал на кичма и потоа не можел да продолжи, но последните информации говорат дека членот на Вецлар утрово се чувствува далеку подобро.

– Миркуловски се здоби со класичен удар, па имаше „набиеница“ во делот на грбот. Утрово се чувствува подобро, попладнево ќе се обиде да тренира. Како што стојат работите, реално е да се очекува тој да биде во можност да настапи утре против Шпанија – изјави итринава рдиректорот на репрезентацијата, Милчо Чакарески.

Останува да се види дали и колку Червар ќе ризикува со настап на Миркуловски на утрешниот натпревар, со оглед на најавите на самиот македонски селектор дека би можел да ги сочува дел од најстандардните ракометари, за свежи да го дочекаат клучниот натпревар против Исланд, кој може да им го донесе на „црвено-жолтите“ третото место на табелата.

cheap nike free run 5.0