Позната причината за смртта на затвореникот од Идризово

Комбинацијата од лекови и наркотици била кобна за 39 годишниот затвореник од Kазнено- поправниот дом Идризово.

Oд болнички извори, затвореникот кога бил донесен на скопска Токсикологија веќе не давал знаци на живот. Докторите се обиделе да го реанимираат, но безуспешно.

Докторите од Брза Помош на колегите од Токсикологија им рекле дека станува збор за предозираност со лекови и дрога.

tvcТочните причини за смртта ќе ги даде обдукцијата.