Познат распоредот за ракометното ЕП 2017

Откако вчера ги дознаа совите противници од групата Б, нашите ракометари и стручниот штаб денес го дознаа и финалниот распоред за натпреварите во рамки на Европското ракометно првенство.

Нашите ракометари ќе стартуваат на првенството кое ќе се одржи идната година во јануари против Тунис. Натпреварот ќе се одигра на 12-ти јануари, а Тунижаните ни се должници, бидејќи токму тие не елиминираа во квалификациите за Олимпијадата во Рио. Два дена подоцна, играме со аутсајдерот во групата, репрезентацијата на Ангола. На 16-ти јануари, играме против Словенија, каде ќе биде интересна повторната средба на Лино Червар и Веселин Вујовиќ, овој пат во улога на селектори на репрезентации.

Првите три натпревари ќе бидат клучни, бидејќи на последните две кола на 18-ти и 19-ти ќе бидат пеколни. На 18-ти играме против фаворизираната Шпанија, додека еден ден поцодна со секогаш подготвените Исланѓани. Македонија може да обезбеди осмина-финале доколку се најде до четвртата позиција. Петто и шестопласираните ќе играат бараж за учество на Президент купот.