Познат нутриционист открива: Пицата е подобар појадок од житарките

Ако сакате да го започнувате утрото со житарици поради тоа што сметате дека тоа е најдобрата и најздравата опција за вас, имаме лоши вести: Голем дел од житариците во себе содржат многу шеќер и не се најдобриот начин за започнување на денот.

Според Челзи Амер, познат нутриционист од Њујорк, едно парче пица содржи повеќе масти, но и помалку шеќери од поголем број од житариците. Житариците кои ги конзумираме содржат 18 гр. шеќери (што е блиску до препорачаната доза од 25 гр.) и 0 здрави масти.

Амер додава и дека пицата содржи повеќе протеини од житариците, што значи и дека може да го задоволи вашиот апетит за подолго и да ја прескокне гладта за ужинки која се јавува во текот на денот. Но, пред да тргнете кон тоа да јадете пица за појадок треба да знаете дека пицата не е особено здрава. Затоа, Амер предлага балансирана исхрана.

Ако сакате здрав почеток на денот, јадете јогурт со овошје и овесни снегулки со цимет и овошје. Ваквиот појадок ќе ви  даде природни влакна и антиоксиданти кои се одлични за супер почеток на денот.