Познат идентитетот на загинатиот мотоциклист во Аеродром

41 - годишниот Дејан П. од Скопје е лицето кое утрово загина во тешката сообраќајка што се случи на раксрсниците помеѓу булеварот “Асном“ и булеварот „Србија“ во населбата Аеродром, дознава Скопје Инфо од извори во скопската сообраќајна полиција.

Во моментов сеуште трае увидот од несреќата, сообраќајот е во прекин и истиот се пренасочува по околните сообраќајници.