Познат е идентитетот на Македонецот кој загина во несреќата која се случи вчера во Нови Сад, соседна Србија.
Станува збор за Васко Саздовски од Северна Македонија – непозната возраст.
Тој е еден од 14-те загинати лица.
Според извештајот на весникот „Информер“, меѓу загинатите се наоѓаат млади лица, како и постари граѓани, што ја нагласува трагичноста на овој инцидент.
На списокот на идентификувани жртви се наоѓаат:
• Ангела Руман (20) од Стара Пазова
• Сања Арбутина Ќириќ (35) од Каќ
• Стефан Хрка (27) од Белград
• Милош Милосављевиќ (21) од Книќанин (Зрењанин)
• Ѓуро Швоња (77) од Степановиќево
• Вукашин Раковиќ (69) од Буковац
• Васко Саздовски од Северна Македонија – непозната возраст
Надлежните органи работат на истрагата за утврдување на причините за несреќата, која остави длабоки последици за семејствата на загинатите и целокупното општество, пренесуваат медиумите од соседството.