Познат идентитетот на возачот од несреќата во Ѓорче Петров

На 15.04.2018 година околу 18.30 часот на ул. „Борис Сарафов“ во Скопје, патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј. (46) од Скопје удрило во 10-годишно момче.

По ударот детето било пренесено во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и било задржано на лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.