Познат идентитетот на убиените во Кратово, со нож „им пресудила“ 36-годишна жена

Полицијата со детали за страшното убиство во Кратово кое ја потресе јавноста. 

- На 13.06.2024 во 22.08 часот, полициски службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода В.И.(36) од Кратово. Таа се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг Ј.И.(38) и неговиот татко С.И.(63), кои починале од здобиените повреди. По насоки на јавен обвинител телата на починатите биле предадени на обдукција, соопштија од МВР за Скопје Инфо. 

В.И. била приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.