Познат идентитетот на починатиот матурант, бил пронајден на нива во Струмица

Матурант од Струмица во текот на вчерашниот ден бил најден мртов на нива.

Се работи за 19-годишно момче со иницијали М.А., а според информациите од полицијата, телото било најдено на 19 мај во 12.05 часот.

„Лекарот констатирал смрт без видливи траги на насилство“, информираа од СВР Струмица.

Извршен е увид, а телото е дадено на обдукција.