Познат епицентарот на земјотресот кој сношти го почувствувавме и во Македонија

Синоќешниот земјотрес кој се почувствува во Скопје и северните делови од Македонија, бил со епицентар во Урошевац. 

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје синоќа во 23 часот и 07 минути го регистрираше земјотресот.

Епицентарот се наоѓал 28 km северозападно од Скопје во соседното епицентрално подрачје Урошевац – Витина, Република Косово.