Познат датумот на локалните избори - еве кога ќе се одржи првиот круг

Премиерот Зоран Заев го соопшти датумот за претстојните локални избори. Претходно, проблем беа неколкуте денови поклопување со закажаниот попис, но се верува дека тој ќе заврши порано и со тоа конечен датум на првиот круг е 17 октомври. 

„Датумот, според предлогот од работните групи во кој учествуваат сите политички партии е 17 (октомври, н.з.), односно нема промени на датумот кој е утврден во самиот Изборен законик и досега. Имаше дилеми поради трите дена поклопување на пописот со кампањата, но, на крајот, се одлучи дека трите дена не менуваат ништо, пописот е активност што финишира преку ден, кампањите се водат навечер. Впрочем, пописот секојпат се држел 20 дена, овојпат се определени 30 дена, може навистина да се заврши порано. Има доволно време, нема потреба од какви било промени на датумот за изборите“, кажа Заев.