Позитивни вести: Приказна за 4 мали херои родени за време на пандемијата

Една интересна приказна и преслатка фотографија на еднојајчани четворки брзо стана хит на интернет.

 

Нивните имиња се Хадсон, Харисон, Хенри и Харди, а тие се родија во болницата во Тексас на 15 март. Откако минаа 10 недели на одделението за интензивна нега, а потоа беа на одделението за посебна нега, малите херои стигнаа дома.

Ова е прва бременост за нивната мајка Џери, која малите бебенца ги роди со царски рез. Нејзината приказна е интересна бидејќи немала никаква историја за близначка бременост во семејството, а сега тие добиле 4 идентични бебиња.

 

Докторката Лорен Мареј која работи во оваа болница истакнала дека постојат само 72 случаи на спонтано идентични четворки,а  оваа приказна е вистинско чудо во време кога светот се соочува со пандемијата.