Позитивни вести: Двојка од Англија ја донираше храната од својата планирана свадба за здравствените работници

Мерките поврзани со социјалното дистанцирање придонесоа кон откажување на многу венчавки. 

Фиона и Адам Гордон се двојката  чија свадба беше планирана за последниот викенд од март. Но, бидејќи таа не можеше да се случи (барем не онака како што тие првично планираа), двојката  одлучи сите 120 планирани оброци да ги донира во локалната болница во нивниот град, Ист Јоркшир.

Двојката сепак имала кратка церемонија  со двајца сведоци, наместо планираните 400 гости.