Позитивен на коронавирус излажал дека ќе оди на лекар, пронајден во кафеана

26-годишникот уредно пријавил во полиција дека ќе ја напушти изолацијата за да оди на лекарски преглед. Но, настаните заземале сосема друг правец.

ОВР Македонски Брод поднесе кривична пријава против Д.Р.(26) од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

На 07.02.2022, пријавениот се јавил во дежурната служба во ОВР Македонски Брод, кажал дека е позитивен и дека има потреба од лекарска помош, поради што ќе се упати на лекар.

Но, наместо тоа, тој отишол во угостителскиот објект во Македонски Брод.