Пожарот во Правда не е несреќа, штетата 100.000 евра

Човечки фактор е причина за избувнувањето на пожарот во Министерството за правда, материјалната штета се проценува на 100.000 евра, а  изгореле и важни документи, дознава „Независен“.

Од полицијата потврдиле дека по извршениот увид сите потребни докази ги предале до обвинителството.

Според сознанија на овој медиум, пожарот на четвртиот кат од зградата на Министерството избувнал по вертикална линија заедно со канцелариите на министерот Билен Саљији и на заменикот Оливер Ристовски.

„Заменикот е на третиот кат, а министерот, кој, иако е во оставка, сѐ уште ја извршува функцијата, е на петтиот кат. Пожарот избувна околу 16.40 часот, значи по истекот на работното време, но и Саљији и Ристовски беа на своите работни места, па веднаш беа евакуирани“, велат вработени во Министерството.