Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“ известува дека поради денешниот пожар во Кисела Вода, дошло до прекин во пумпената станица Припор, која ги снабдува со вода резервоарите во високата зона на Аеродром, високата зона на Ново Лисиче, Припор 1, 2 и 3, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол.
Поради дефект на ЕВН, можни се прекини во водоснабдувањето, соопштуваат од јавното претпријатие. Граѓаните на социјалните мрежи забележуваат дека известувањето е задоцнето, бидејќи подолг временски период се без вода.