Пожарот се шири и во скопските населени места Никиштани, Волково и Кучково (фото)

Пожар од попладнево се шири и во скопските населени места Никиштани, Волково и Кучково. Според информации на newsroom.mk, на терен се излезени противпожарни екипи и тим од скопски “Водовод”.

Иако нема повеќе детали, се тврди дека пожарот брзо се шири. Граѓани имаат и фотографии од чадот над овие населени места.

„Немаме што да правиме, толку ни се силите, немаме ниту екипи, ниту опрема“, вели  градоначалникот на Ѓорче Петров, Сокол Митревски кој попладнево е во скопското село Орман, кое исто така го зафати силен пожар. Огнената стихија се шири кон скопско Волково, доведуваќи ги во опасност и другите населени места.

Мешаните велат дека во моментов се справуваат сами како знаат и умеат со огнената стихија. Огнот е најсилен во непосредна близина на селската црква.

Информациите на Скопје Инфо од терен велат дека во моментов граѓаните на околните населби се мобилизираат за гаснење на пожарот.  Истовремено, сведочат дека во моментов воени хеликоптари на АРМ го надлетуваат теренот.