Пожарот од Матка се шири кон Водно

Во попладневните часови се појавил пожар на мешана шума од левата страна на браната Матка, на непристапен терен. Пожарот се шири кон браната Матка и кон планината Водно.

Пожарот се префрлил и на десната страна од браната и се шири кон селото Шишево, а подоцна и кон Водно. Неколку екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје се испратени на терен.

Според информации на сведоци пожарот бил подметнат, тие велат и дека го фотографирале пироманот.