Пожарот настанал во кујната додека семејството подготвувало ручек

Пожар избувна вчера во стан на петти кат во зграда на улицата „Рузвелтова“ во Скопје. Со брза интервенција на пожарникарите пожарот целосно е изгаснат, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

– Во 13:30 часот добивме дојава за пожарот. Интервенирано е со пет противпожарни возила со 15 пожарникари. Пожарот е комплетно изгаснат во 14 часот, рече Симоновски.

Според првичните информации, пожарот настанал во кујната додека семејството подготвувало ручек.