Пожарот кај Орман е изгаснат

Локализиран и речиси изгаснат пожарот кај селото Орман во Скопје. Екипите на противпожарната бригада, вработени во шумското стопанство Караџица, возилата на ЈП Водовод и мештаните од селата Волково, Никиштане и Орман успеаја да го изгаснат огнот. Утрово повторно гасеа и специјализираните авиони за гасење пожари. 

Од Центарот за управување со кризи синоќа соопштија дека пожарот избувнал кај селото Никиштани, при што била зафатена дабова шума.