Пожарот кај селото Грачани во Општина Ѓорче Петров е локализиран, но последиците од чадот сè уште се чувствуваат во општината и во околните населби.

Граѓани уште од синоќа реагираат на силната миризба на чад во воздухот, а дел од нив пријавуваат и тегоби како отежнато дишење, печење и иритација на очите.
И вечерва, и покрај тоа што огнот е локализиран, жителите велат дека миризбата на чад е сè уште присутна, особено во делови од Ѓорче Петров и околните населби.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров информираше дека пожарот е локализиран, додека надлежните екипи продолжуваат да ја следат состојбата на терен за да се спречи негово повторно активирање.
Претходно, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, објасни дека станува збор за пожар кој се протега и на македонска и на косовска територија. Поради ветерот, чадот во текот на ноќта се движеше кон Скопје, поради што миризбата беше почувствувана и во други делови од градот.
Иако пожарот не ги загрозува населените места, присуството на чадот и непријатната миризба продолжуваат да предизвикуваат реакции кај жителите.