Пожарникарите, храбри момци со срца како планина, осамнаа на календар

Првиот македонски календар со фотографии на пожарникари – спасители на Скопската противпожарна бригада  содржи 13 колор фотографии на пожарникари – спасители од сите четири чети на противпожарната бригада.

Фотографиите се снимени во самата бригада, при што се прикажани и   дел од возниот парк и личната заштитна опрема на пожарникарите.

Организатор на проектот е пожарникарот Михаил Караколев, автор на календарот е фотографот Димитар Апостолов, а за кастингот се погрижи Ненад Келебиќ.