Пожарникари со багери го кренале превртениот автобус

Во исчекување на официјална потврда за денешната страотна несреќа на патот Скопје – Тетово, репортерите на Сител од теренот јавуваат за најмалку 13 загинати.

МВР се уште не соопшти колку загинати и повредени има во превртениот автобус кај Ласкарци, кој сообраќал на релација Скопје – Гостивар.

За „СДК.мк“ од противпожарната единица информираат дека најпрво со багери бил превртен автпбусот а потоа пожарникарите влегле да ги извлекуваат патниците.